Најмалку девет загинати во поплави во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите од поплавите предизвикани од обилните дождови во американските сојузни држави Џорџија и Кентаки денеска се искачи на девет, пренесе АП.

Претходно беше објавено дека четири лица загинале откако голем дел од Соединетите држави се соочија со обилни дождови кои предизвикаа поплави во југоисточниот дел на земјата.

Во исто време, на северот на САД се предвидуваат температури до -45 степени Целзиусови, а издадени се предупредувања за торнадо во делови од Џорџија и Флорида.