Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени при уривање на зграда во Индија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа, а неколку други се повредени кога утрово во западната индиска држава Раџастан се урна четирикатна зграда стара неколку децении поради обилни дождови, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил во главниот град на Раџастан, Џајпур.

„Беше многу стар објект и во неа живееја 18,19 луѓе. Дел од зградата се урна поради влагата предизвикана од дождот. Спасувачката акција траеше околу шест часа“, соопшти полицијата.