Најмалку две лица загинаа во серија на земјотрести во Гватемала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица загинаа во серија земјотреси што ја погодија Гватемала, соопшти утрово официјален претставник на цивилната заштита во таа централноамериканска земја.

Службеник од агенцијата за управување со катастрофи изјави дека две лица загинале кога нивното возило било затрупано во свлечиште на пат југозападно од главниот град на Гватемала.

Земјотресите биле со магнитуда од 4,8 до 5,6 степени на мала длабочина, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресите предизвикаа материјална штета. Земјотресите беа почувствувани и во соседниот Ел Салвадор.