Најмасовни протести во историјата на Србија – илјадници луѓе на улиците на Белград, бараат заминување на Вучиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници лица пристигнаа од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград на антивладините демонстрации во центарот на главниот град, откако владата се обиде да го попречи протестот со откажување на поаѓање на возови и автобуси и отежнување на патниот сообраќај со ненадејни работи.

Улиците на центарот на Белград се преполни со луѓе, а во текиот на целито ден пристигнуваа нови групи демонстранти со национални знамиња и транспаренти, заедно со вревата што ја прават со свирежи.

-Се надеваме, пред се на мирен собир. Она што е важно да се нагласи дека не очекуваме дека ова ќе биде последен ваков собир. Важно е да се каже дека луѓето не треба да очекуваат дека ќе се случи нешто радикално или епохално. Наше е да собереме што е можно повеќе луѓе, да се собереме на едно место, да се обидеме да се преброиме и да видиме кој поддржува слобода и вистински вредности, вели граѓанин на Србија.

-Пред се јас сум родител, поранешен студент, а во моментов сум и моторџија, дојдов да ги поддржам студентите во нивните барања, вели друг граѓанин на Србија.

-Тоа се наши деца, наша обврска е да ги поддржиме децата. Најважно е да ги поддржиме децата. Денеска се да заврши мирно и да сите заминеме дома здрави. Тоа е најважно. Ден „Д“ дефинитивно не постои. Ова е почеток на крајот на еден процес за кој се надевам дека ќе заврши наскоро, вели граѓанин на Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во изминатите денови постојано изјавуваше дека собирот ќе биде насилен, и дека „надлежните знаат“ за сценариото за предизвикување инциденти, но дека земјата на 15 март „ќе стави крај на обоената револуција“.

Наспроти српското Собрание се уште стојат десетици трактори со кои е ограден „Пионирскиот парк“ и седиштето на претседателот на Републиката, додека групата „Студенти 2.0“, која го поддржува српскиот претседател, кампува во паркот од минатиот четврток.

Од снимките од социјалните мрежи се гледа дека во кампот пред канцеларијата на Вучиќ нема само студенти, туку и негови многубројни поддржувачи кои наводно ќе бидат тампон зона меѓу демонстрантите и официјалното седиште на шефот на државата.