Најмладата жртва на коронавирусот во денешната статистика е на 23 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство согласно податоците од ИЈЗ, информираше дека во последните 24 часа како последица од коронавирусот починале 17 лица. Најмладата жртва имала само 23 години. Според информациите на ТВ21, станува збор за женско лице.

Највозрасниот има 90 години. Најголема бројка на поинати лица се од Скопје (8), потоа од Прилеп 2, и по еден починат од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. 16 лица починале во болнички, а едно во домашни услови.

23-годишната пациентка е втора најмлада жртва на Ковид-19 од почетокот на епидемијата. Во декември минатата година почина лице на 22 години.

Вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата изнесува 3 545 лица.