Најнова состојба на коронавирус во Македонија: Починаа три лица, излекувани седум пациенти, регистрирани 15 нови случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче ги искажа најновите бројки со коронавирусот во нашата земја. Три починати лица, седум излечени, и 15 нови случаи во Македонија во изминатите 24 часа.

„Во измиантите 24 часа починаа тројца пациенти, еден пациент од Кочани на 40 годишна возраст без познати минати заболувања, потоа пациент од Тетово 69 години со претходно дијастогнициран тумор на мозокот, и пациент од Тетово на 65 годишна возраст, без познати минати заболувања.

Од Инфективната клиника заминуваат четири здрави пациенти, со оглед дека нивните два контролни теста се негативни. Во Дебар исто така имаме тројца пациенти кои биле во домашно лекување со два негативни теста и истите ги водиме како излекувани.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи со коронавирусот во нашата земја, со тоа вкупната бројка изнесува 570 лица“, рече Филипче.