Најстарата аквариумска риба опишана како нежно суштество кое ужива во друштвото на луѓе и во галењето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Музејскиот аквариум во Сан Франциско, САД, живее риба која, наводно, со своите 90 години стара колку што веруваат биолозите, се смета за најстарото аквариумско суштество во светот. Тоа не е сè што ја прави посебна…

Оваа австралиска дводишалка го добила името Метузалем – по библискиот човек кој живеел над 969 години. Долга е 1,2 метри и тешка околу 18 килограми, а во музејот на Академијата за наука на Калифорнија е донесена далечната 1938 година. Поради опасности околу крвта, полот на рибата не е официјално утврден, но се верува дека е женка. Нејзиниот чувар, биологот Алан Јан тврди дека оваа риба не е како другите – таа е нежно суштество кое ужива во друштвото на луѓе и во галењето.

– Понекогаш се плаши, но главно е прилично мирна. Оваа риба е единствена и по храната што ја јаде – обожава смокви, исклучиво свежи, сезонски, никогаш замрзнати, тврди тој.

– Но, исто така сака да грицка боровинки, грозје, риба, школки, ракчиња и дождовни црви, додаде Чарлс Делбек, куратор на аквариумот „Стајнхарт“.

Метузалем до пред неколку години имал и „роднина“ во аквариумот во Чикаго, чие име било „Грендед“ (Дедо). До угинувањето во 2017 година, се веруваше дека Грендед е најстарата жива риба од аквариумот…

– Сега Метузалем е најстарата!, тврди биологот Алан.

Австралиските дводишалки се загрозен вид, а во овој аквариум има уште две, по име „Средна“ (Мидијум) и „Малечка“ (Смол) – младенчиња од Метузалем.