Најниска температура утрово е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спушти до -2 степени Целзиусови, додека највисоки 6 степени се забележани во Крушево.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот температурата во Струмица изнесувала -1 степен, во Битола, Тетово и Демир Капија 0 степени, во Скопје–Петровец и Крива Паланка 1 степен, во Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес и Гевгелија 2 степени, во Штип, Кавадарци, Скопје–Зајчев Рид и Претор 3 степени, во Маврови Анови, Попова Шапка и Охрид 4 степени, а во Виница 5 степени.
Утрово по одделни котлини е забележана појава на магла. Во текот на денот се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 16 и 21 степен.
Во Скопје, утрото е магливо во пониските делови од котлината, а преку ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а дневната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
