Берово утрово беше најстуден град во Македонија, согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи од 8:30 часот.
Во Берово утрово беше еден степен. Следуваат Лазарополе и Крива Паланка со три степени, Попова Шапка со четири, Маврово и Штип со по пет, Тетово, Претор, Струмица, Куманово, Битола и Велес со по шест степени, седум степени беа измерени во Скопје и во Прилеп, додека осум во Крушево, Виница, Кавадарци, Гевгелија и Охрид. Најтопло утрово беше во Демир Капија со измерени девет степени.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 21 степени.
