Најтежок ковид ден во Србија со над 1.200 заразени – Вучиќ: Ќе нема нови мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова се најчудните закони и забрани низ светот

 Различни земји, држави, религии и култури во светот со текот на времето си создале свои табуа, закони...

„Дајмлер“ ќе им подели по 1.000 евра „корона-бонус“ на своите работници

Германскиот гигант „Дајмлер“ соопшти дека на своите работници во Германија ќе им подели по 1.000 евра „корона-бонус“,...

Возете внимателно, коловозите се влажни!

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на...

Концерт на Бадник во Нотр Дам

На Бадник, на 24 декември ќе се организира концерт во катедралата Нотр Дам во Париз, но тоа...

Храна која е лоша и нездрава за бебињата

На бебињата не им се потребни многу калории, но им требаат хранливи материи и здрави состојки. Сепак,...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот со директорите на ковид болниците во Белград, изјави дека засега во Србија и покрај зголемениот број на лица заразени со коронавирус, нема да бидат воведени нови, ригорозни епидемиолошки мерки, но дека ќе има строга контрола на оние што веќе се во сила.

-Ние денеска не презедовме мерки, тоа им го препуштивме на штабот на професионалните лица … Се занимававме со помагање на тие луѓе во спроведувањето на мерките. Строго ќе санкционираме, но нема нови мерки, но строго ќе ги санкционираме оние што не ги почитуваат мерките, нагласи Вучиќ.

Зборувајќи за бројот на заболени од коронавирус, Вучиќ кажа дека денеска е „најтешкиот ден за Србија“, со повеќе од 1.200 новоинфицирани лица.

-Во 12 часот беа 1.195, од кои 602 беа во Белград, така што повеќе од 50 отсто сè во Белград, кажа Вучиќ.

Тој изјави и дека на состанокот за коронавирусот се разговарало за повеќе работи.

-Под еден – како да се справиме со загрижувачките бројки и растечката зараза, под два – како да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, под три – што да правиме со дополнителното опремување на болниците, под четири пациентите што немаа ковид да не бидат скратени со медицинската помош и што е уште поважно – за тоа како да се бориме во иднина и како да реагираме на прашањето за вакцини, како и за вакцините против грип, кажа Вучиќ, кој додаде дека како благодарност до медицинските работници до крајот на годината ќе им бидат исплатени 10.000 динари (85евра) еднократна помош.