Највисоки плати има во Министерството за енергетика, најниски во Управата за водење на матични книги

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нависоки плати во сите државни институции има во министерството за енергетика, каде што нето платата е 105.628 денари, или бруто плата од 161.533 денари, пренесува анализата на порталот „Пари“.

Второто место на оваа листа го држи Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини каде има 16 вработени, а бруто-платата е 147.703 денари.

Владата е на третото место со бруто-плата во просек по 137.226 денари. После нив следува Собранието.

Најниската, пак, плата ја земаат во Управта за водење на матични книги, каде има 369 вработени. Просечната бруто-плата е 50.809, или нето просечна плата од 33.878 денари.