Наместо очекуваните гужви, полупразни продавници и празни улици. На третиот и последен ден од т.н Викенд без ДДВ, централното градско подрачје на Скопје речиси празно. Дел од продавниците останаа затворени. Мал дел од нив посебно оние за ИТ беа отворени, но и во нив затекнавме мал број купувачи.
Дел од граѓаните со различни мислења за владината мерка. Повеќето не беа расположени за разговор пред камера, а некои од нив воопшто и не знаеја дека Акцијата Викенд без ДДВ постои.
Не разбирам за што прашувате. Не ја знаете мерката Викенд без ДДВ каде се купуваат домашни производи ?—Не…
Исто,не сме запознаени..
Го искористивте Викенд без ДДВ? -НЕ…
И трговците не беа расположени за разговор. Дел од продавниците посебно оние за ИТ опрема и бела техника беа отворени , но речиси празни. Никој не сакаше да коментира колкав е приходот и придобивките од спроведената Акција во изминатите денови. Екипата на ТВ 21 во т.н улога -инспектор на терен, забележа дека во најголем дел од продавниците за ИТ опрема производите кои беа опфатени со мерката Викенд без ДДВ, не беа селектирани и соодветно обележани.
Во некои од продавниците ни беше кажано дека не смееме да снимаме поради тоа што производите не им се подредени оти во тек им се селидбени активности. Инаку викендов В.Д Директорот на УЈП- Фарук Омери, потенцираше дека владината мерка се спроведува со цел помош на домашната економија а дека граѓаните ќе бидат во улога на т.н Инспектор на терен.
„Ќе се поттикне потрошувачката а истовремено ќе се поддржи и домашната економија. Но на подолг рок мерката значи борба со сивата економија,што значи дека секој граѓанин е инспектор на терен.“, изјави Омери.
Трговци кои не работат во споен продолжен викенд ,граѓани кои не купуваат, а повеќето од нив поради споениот продолжен викенд се и надвор од градските средини, недоволен ПР за примена на мерката Викенд без ДДВ, се дел од слабостите на кои укажуваат дел од економските аналитичари.
Инаку поврат на целиот ДДВ за купените производи во изминатите три дена граѓаните ќе можат да очекуваат до крајот на месецот. Какви ќе бидат ефектите од оваа мерка на Владата ќе биде најверојатно познато уште утре по сумирање на резултатите. Вчера УЈП соопшти дека на првиот ден од „Викенд без ДДВ“ (10 октомври) прометот од македонски производи бил зголемен за трипати.
