Наместо во училиште, на „журка“, без маски, прекршени протоколите, кафулето немало дозвола за работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во локалот „Бисер“ во населба Аеродром синоќа имаше забава. На видео објавено на Фејсбук се гледаат млади како се забавуваат, но без да мислат на пандемијата, притоа напочинувајќи физичка дистанца и без маски.

Но, забавата заврши кога трудова инспекција на полноќ го посети локалот. Од Државниот инспекторат за труд велат дека локалот ќе биде затворен 30 дена, решението е подготвено, а за ова е известено и МВР.

„Не се почитувале протоколите, максимум 30 дена ќе биде затворен локалот. Решението е подготвено денеска и ќе биде испратено со печат. И МВР е известено дека не беа почитувани протоколите. Со оглед на тоа дека даночниот обврзник не е регистриран, ние не можеме да покренеме кривична пријава“, велат од Државниот инспекторат за труд.

Изгледа одложувањето на учебната година не ги спречи учениците да се дружат. Во видеото кое беше објавено вчера може да се види дека многу млади се собрале за да ја поминат ноќта заедно. Во текот на вчерашниот ден пред да почне забавата во населба Аеродром, министерот за здравство, Венко Филипче, ги замоли родителите да внимаваат на нивните деца.

Според министерството, отворањето е одложено за на 1 октомври, а се уште не се знае начинот на одржување на настава. Овие собири на млади се спротивно на идејата за онлајн настава бидејќи на овој начин тоа нема да има никакво ефект.