Во нападот што утринава се случи на местото каде им се оддава почит на жртвите од нападот на неделникот Шарли Ебдо, односно поранешното седиште на весникот, потешко се повредени две лица.
Околу местото на нападот е воспоставен безбедносен периметар, сите училишта ги затворија вратите според безбедносните мерки од планот Вижипарат, односно станува збор за оебезбедување на неколку илјадници деца од 11-от, 3-от и 4-от арондисман на Париз.
Напаѓачот е уапсен на скалите на операта на Бастиља, кој нападнал тројца велосипедисти од кои двајца биле потешко повредени. Тој го оставил ножот на местото на нападот, а при апсењето напаѓачот бил во крв.
