Напад вечерва и во Норвешка: Влегол во продавница и ги нападнал со нож, две лица во тешка состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица се избодени со нож денеска во продавница во Осло , објави норвешкиот весник VG. Две лица се префрлени во болница во тешка состојба.

Норвешката полиција соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста, но не прецизираше дали напаѓачот е уапсен.

Продавницата во која се случи нападот соопшти дека еден од нивните работници е повреден со нож.