Напад во ресторан во Црна Гора, има загинати!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во локален ресторан.

Според информациите, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.

Според неофицијални информации загинале четворица мажи и две деца, а ранети се уште три лица.

Според информациите на тамошните медиуми од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица.

После тоа, пукал на улица.