Нападнале доставувач во Скопје – насилници од Турција добија кривични пријави и притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инцидент се случил вчера во центарот на Скопје. Четворица турски државјани со возило „ауди“ по претходна расправија, нападнале доставувач, и му го удриле моторот. Против насилниците била поднесена кривична пријава, и одреден им бил притвор.

„На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје против насилниците е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“, стои во објавата на МВР.