Населба во Кичево како дива депонија – претпријатието ветува расчистување, бара да не се фрла отпад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова не е депонија, туку населбата „Солунска“ во Кичево, чиј жители секојдневно се соочуваат со ваква нечистота. Влезот на населбата, каде поминува и реката, изгледа како дива депонија. Реката е преполна со отпад кој го попречува и текот на реката, а во близина се наоѓа и детско игралиште каде се чувствува и лошата миризба.

Најголем проблем има оваа госпоѓата која живее во близина на реката, која излегува од коритото и се доближува до нејзината куќа.

Вели дека тропнала во сите институционални врати но не наишла на слух, при што не се земени предвид нејзините барања за прочистување на реката.  Во врска со тоа ТВ21 контактираше и со претпријатието „Комуналец“.

„Почнавме акција за прочистување на сите населени места, улици и патишта веќе неколку недели, го правиме невозможното за да ги исчистиме сите населени места, а во периодот што следи имаме план за расчистување и на споменатата населба. Постојано чистиме но после неколку месеци пак се создаваат депонии бидејќи граѓаните фрлаат отпад и градежен шут насекаде“, вели ЈКП Комуланец.

Во оваа населба и улиците со во лоша состојба, има многу дупки и неасфалтирани делови, а децата не можат да излезат да се шетаат поради големиот број на кучиња скитници.