Кандидатот за претседател од новоформираната партија ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека нашата дипломатија потфрлила во сите меѓународни договори.
„Првенствено кога беше решавањето на Преспанскиот договор, требаше во пакет да се реши проблемот со Бугарија, а не да не тапшаат по рамо и во последен момент да добиеме нож во грб во делот на блокадите, а сега Бугарија да биде најголемиот блокатор на Македонија на европскиот пат, а Грција најпринципиелниот партнер кој не блокираше две децении“, вели Димитриевски.
Тој прашува што да се очекува од дипломатија која ги сузбива најпрофесионалните кадри во МНР и ги држи по ќошеви, а афирмира партиски луѓе за дипломати.
