Наскоро „One stop“ систем и со Албанија, најави министерот Тошковски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Систем „One stop“ ќе биде направен и на границата со Албанија. Ова во „Дејли клик“ на ТВ21 го искажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој најави дека до идната летна сезона ќе го има имплементирано овој систем на границите со Албанија, Косово и Србија.

„Треба да остварам средба со мојот колега од Албанија, и да разговараме за „One stop“ систем за граѓаните наши да се движат побрзо, подобро. Претходно истото го направивме со Косово, и со Србија. И до почетокот на следната летна сезона ќе го воведеме тој систем“, рече Тошковски.