Настани ќе може да се организираат на отворено и со 50% исполнување на капацитетот, применувајќи ги мерките за заштита од коронавирус. За публиката, во затворени простории да се седи преку едно седиште, а билети да се продаваат безконтактно.
Вчера во Битола се одржаи мирен протест на свадбарските работници, кои се жатал дека се најпогодени од оваа криза.
„Значи имаме музичари, сега рака на срце не можам да кажам, бидејќи имаат и други работи кои ги работат дополнително, но имаме музичари кои навистина егзистираат исклучиво од свадбите, само од веселбите. Не може еден концепт од 1500 души, да работи на пример казина, хотели и музеи, а за музичарите да биде проблем.“, вели Заит Алиу.
Забраната за ораганизирање на веселби велат дека ќе удри и врз наталитетот во нашата држава.
„Сега сме сведоци дека се одржуваат фамилијарни веселни, свадби, во викендици во голема концентрација на луѓе во мал простор, каде што условите и хигиенски, така и вентилацијата се под нивото во кое што денес работатат рестораните. Сметаме дека свадбите не се голем ризик за вирусот, бијдејќи луѓето кои не ја почитуваат дистанцата се најчесто од иста фамилија.“, изјави Благој Мустриковски.
Владата објави и нови протоколи за оргазирање на спортските натпревари каде што и натаму ќе се играат без публика, а секој играч треба да потпише и изјава за одговорност, а потребен е и негативен тест направен во последните 72 часа.
Во новите протоколи иако досега се реализираше меѓуградски превоз, сега истиот треба да продолжи со работа, поитувајќи ги новите мерки. Капацитето на возилото да биде намален за 50%, влез и излез од посебна врата, на автобуските страници да се обележат точки за чекање на патниците, а по завршување на турата, да се изврши механичко чистење и дезинфекција на возилото.
На последната владина седница, беа донесени и протоколи за танцови и балетски клубови, библиотека, галерии, изложбени салони.
