Настава после 10-ти јуни со скратена програма – „Училиштето не е фабрика да се надоместат часовите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставно право е на децата да имаат настава, како што е и на наставниците да штрајкуваат. Дали е во ред и што предвидува скратената програма која треба да се надополни. И додека СОНК вели дека Владата нема конкретна понуда за плата, министерот Шаќири пак вели дека ни СОНК  не кажува што конкретно предвидува скратената програма и зошто да биде скратена? 

-Од СОНК имам побарано, ако бараат скатување на програмата за учење, нека кажат која ќе биде  основата за скратување. Кога знаеме дека, во законот се кажува дека има скратување на програма во вонредна состојба,  во пандемија, епидемија и вонредни ситуации, не се споменува во законот дека за време на штрајк може да има усогласени скратени програми-вели Јетон Шаќири.

 Дали се подготвени децата психички со полна концентрација и фокусираност да учат после 10-ти јуни? Психологот проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска вели дека просветните работници ги учат своите ученици на најголемата животна лекција, достоинство и почитување на самите себе, но:

-Оваа работа не е дека ние ќе ги надоместиме часовите во фабрика. Па цевките што ги произведуваме и не сме ги работеле една недела две нема да одиме на одмор ќе ги работиме малку повеќе, па метражата или килажата ќе се надомести. Она што се губи тука е големо нешто што не може да  се измери ниту во сантиметри, ниту во килограми-рече Јовановска Стојановска.

Со учењето и одењето во училиште се создава навика, која на овој начин ги „исфрла од колосек“ учениците и малку треба да престанат да го прават тоа, бидејќи учењето е една од најтешките ментални активности –вели Јовановска.