На овие снимки може да се види како наставникот го тепа ученикот. Случајот се случил во основното училиште „Абдиљ Фрашери“ во општина Боговиње. Случајот во полиција го пријавил таткото на ученикот, додека полицијата веднаш го приведе на распит наставникот.
„На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од полицискиот оддел Камњан, во Боговиње, Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А. (42) по претходна пријава од страна на лицето А.А.(45) од истото село, дека на 05.06.2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал момчето. Истиот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следи соодветниот поднесок“, велат од СВР Тетово.
Минур Асани, раководител на секторот за образование во општина Боговиње, вели дека настанот се случил надвор од училишните простории, додека досега ниту еден родител или ученик не се пожалил за предметниот случај.
„Случајот се случил надвор од просториите на училиштето и според информациите што ги имаме со управата, органите почнале да го истражуваат случајот. Ние како општина, како образовна единица, од страна на училиштето, од страна на ниту еден родител, немаме добиено никаква претставка дека наставникот извршил некаков вербален или физички напад“, вели Минур Асани.
„Во училиштето „Абдиљ Фрашери“ во општина Боговиње во моментов е државниот просветен инспекторат. Инспекторатот истражува што навистина се случило на видеото прикажано на кое се гледа дека ученик е истепан од наставник. Во текот на денешниот ден ќе се состане и училишниот совет за да види какви мерки ќе бидат преземени против наставникот што се гледа на видеото, додека овој настан ќе продолжиме да го следиме во текот на утрешниот ден“, вели репортерот на ТВ21.
Останува да видиме што констатирал државниот инспекторат за образование и какви мерки ќе бидат преземени.
