Наставниците повторно ги пречекаа учениците – Царовска: Учениците и вработените во образование максимално да внимаваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повторно заѕвони училишното ѕвонче.

По скоро година и пол настава со дистанца, учениците повторно се вратија на училишните клупи. Чисти и дезинфицирани училишта, во секој агол  имаше флаери со протоколите за заштита од Ковид-19.

Децата среќни чекаа ред да им се мери температурата за да влезат во училиштето, а требаше и да ги дезинфицираат обувките и рацете.

Нај возбудени беа првачињата.

Министерката за образование, Мила Царовска, им посака успеси и максимална грижа за што подобра заштита од Ковид-19. Додаде дека училиштата се подготвени за почетокот на учебната година, а во интерес на државата и иднината е да се одржи настава со физичко присуство.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека земјата не е подготвена за настава со физичко присуство поради тоа што состојбата со вирусот е многу сериозна. Бараат во училиштата да има брзи тестови за Ковид-19.

Но, денес, сите ученици нема да се сретнат со нивните наставници. Средните училишта во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга нема да ги отворат вратите за своите ученици. Ќе имаат онлајн настава се додека Комисијата за заразни болести не донесе нова одлука по анализа на ситуацијата.