НАТО состанок во Букурешт – во 2008-ма добивме вето, сега на исто место Македонија носи одлуки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

30 министри од земји членки на НАТО Алијансата се собраа во Букурешт Романија, не случајот на оваа локација, туку за да дадат јасна порака дека регионот на Црното море е стратешки интерес на НАТО. Освен војната, во фокус е и прашањето за влез на Шведска и Финска во алијансата како и активностите на Кина.

За време на дводневниот состанок ќе се одржат три состаноци на Северноатланскиот совет, кое е клучно тело за донесување на одлуки, како на пример зајакнување на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија кои на различен начин со соочуваат со руски притисок.

„Мораме да ја поддржиме Украина бидејќи според она што го гледаме, претседателот Путин се обидува да ја искористи зимата како воено оружје, што предизвикува многу страдања на Украинците. Сојузниците на НАТО даваат поддршка и ќе продолжат да даваат безусловна поддршка“, порача Јенс Столтенберг.

Вечерва следува неформална работа вечера на која на министрите за надворешни работи на 30 членки на НАТО, Шведска и Финска, ќе им се придружи и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Утре ќе се одржат два состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО. На вториот на шефовите на дипломатијата на членките на алијансата, Шведска и Финска, ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија. Пораката е дека НАТО исто така го зголемува своето присуство од Балтикот до Црното Море и ќе направи се што е потребно за да ги заштити сите сојузници. Јовица Пауноски, ТВ21, Букурешт, Романија.