Софистицираната технологија за скенирање открила интересни тајни за Littlefoot, добро сочуван фосил на ран претставник на човечката еволутивна линија, кој живеел во Јужна Африка пред 3,67 милиони години.
Научниците рекоа дека ги истражувале клучните делови од фосилите во британската синхотронска институција „Дијамантски светлосни извори“, а скенирањето се фокусирало на горниот дел од черепот и долната вилица.
Научниците собрале докази не само за видот на Литлфут, туку и за тешкотиите низ кои поминала како возрасна, а се работи за фосил на жена.
„Во черепот, успеавме да ги идентификуваме васкуларните канали во една коска, кои служат за терморегулација, а веројатно така се „ладел“ мозокот“, изјави палеоантропологот Амелија Бодет од Универзитетот во Кембриџ, која ја водеше студијата.
Таа вели дека забите биле добро зачувани и дека жената починала релативно стара, бидејќи „нејзините заби биле истрошени“.
