Научниците ја открија мистеријата на огромните дупки кои се појавија на Сибир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На тлото во Сибир минатата година се отвори кратер од чија дупка излегуваше метан, снег и мраз на стотици метри. Се појавија 17 дупки, првата во 2013 година. Сите сметаат дека тоа е како последици на климатските промени.

Во расчистувањето на мистеријата на овие дупки се послужија со 3Д моделирање и со фотографирање од дрон.

„Новиот кратер е добро сочуван, затоа што површинската вода и натаму не се насобрала во кратерот додека го истражувавме, што ни овозможи добро да го проучиме“, рече Евгениј Чувилин, водечки научен истражувач во Центарот за тестирање на јаглерод од Институтот за наука и технологија во Москва.

Ова е прв пат да се влезе во кратерот на толку голема длабочина од 15 метри. Така се добиени податоци за обликот на шуплината во која се собира метан.

На основ на добиениот модел, потврдена е претпоставката на научниците – метанот се создава во шуплината во мразот, поради што се појавува на нивото на земјата. Тој насип расте до одредена граница, при што доаѓа до експлозија што создава огромен кратер.

Единствено не е познато што е извор на метан.