Научниците потврдија: Првиот вселенски ураган исфрла електрони наместо дожд

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Научниците потврдија дека го откриле првиот вселенски ураган над Земјата, а станува збор за маса составена од плазма, широка илјада километри, која е забележана на неколку стотици километри од Северниот Пол.

Вселенскиот ураган исфрлал електрони наместо дожд, имал неколку спирални краци и траел осум часа пред постепено да исчезне.

„Досега не беше сигурно дека вселенската плазма воопшто постои, а доказот за нејзиното постоење е неверојатен“, рече Мајк Локвуд, научник од Универзитетот во британски Ридинг и коавтор на студијата, објави New York Post.

Небесниот спектакл бил снимен во 2014 година, но тој беше откриен неодамна за време на истражувањето спроведено од научници во Шандонг, Кина.

„Тропските бури се поврзани со голема количина на енергија и овие вселенски урагани мора да бидат создадени со неверојатно голем и брз трансфер на енергијата од соларниот ветер, наелектризиран со честички во горната атмосфера на Земјата“, рече Локвуд.