Климатските промени оваа година доведоа до рекордни пожари во Африка, Азија и на други места, а се очекува условите дополнително да се влошат како што се приближува летото на северната хемисфера и започнуваат временските обрасци поврзани со феноменот Ел Нињо, предупредија научниците.
Пожарите од јануари до април веќе предизвикаа невидени штети, уништувајќи повеќе од 150 милиони хектари земјиште, што е за 20 отсто повеќе од претходниот рекорд, се наведува во извештајот на истражувачка група која ја проучува улогата на глобалното затоплување во екстремните временски настани, пренесува Ројтерс.
Истражувачите предупредуваат дека ова лето би можеле да бидат соборени температурни рекорди, што би предизвикало широко распространета суша, како и пожари, при што влијанието на климатските промени предизвикани од човековото дејствување дополнително би било засилено од особено силниот ефект на метеоролошкиот феномен Ел Нињо.
