Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде една од најтоплите години во историјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата.

Според податоците на британската метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, а можно е температурата да се искачи и до 1,4 степени, пишува „Скај њуз“.

Се очекува 2025 година да го собори рекордот од 2020 година, која ќе падне на четвртото место во рангирањето.