Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Температурите ќе се движат во интервал од -2 до 14 степени.
Во Скопје и околината температури од 0 до 13 степени.
