Наутро студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.
