НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Народната банка на Република Македонија преку соопштение на официјалниот Фејсбук профил посочува дека шпекулациите на социјалните мрежи со тврдења за домашната валута и упатување на оцени на Европска Унија (ЕУ), во консултација со ?? Делегацијата на ЕУ (Delegation of the European Union, Skopje) не се вистинити.

„Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет“, порачуваат од НБРМ.

Од таму гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен.

„Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни или непроверени информации во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за македонската економија“, порачуваат од таму.

ДЕНАРОТ Е И ЌЕ ОСТАНЕ СТАБИЛЕН❗️Почитувани,Во врска со шпекулациите на социјалните мрежи со тврдења за домашната…

Gepostet von Народна банка на Република Северна Македонија am Freitag, 15. Mai 2020