Аверс:
На аверсот, во централниот дел на кованата пара е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Северна Македонија, а по должината на периметарот е испишано „Република Северна Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.
Реверс:
На реверсот, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.


