Тимот на отруениот критичар на политиките на Владимир Путин, Алексеј Навални, откри од што бил отруен.
Сепак, од таму велат дека Навални не бил отруен од чајот на аеродромот, туку од водата во собата во хотел во Томск, во кој престојувал пред летот со авионот, на кој му се слошило.
Во објавата стои дека едното шише со вода, било бесплатно оставено од самиот хотел.
На „Инстаграм“ се гледа видео во кое тимот на Навални ја истражува собата во која престојувал на 20 август, еден час откако му се слошило.
„Две седмици подоцна германска лабораторија пронашла остатоци од отровот Новичок на шишето со вода кое било одземено од хотелот во Томск“, стои во објавата на Инстаграм.