Родителите на учениците од една паралелка во Основното училиште „Гоце Делчев“ – Тетово го бојкотираа наставниот процес во знак на револт кон директорката на училиштето, која не ѝ го продолжи договорот за работа на една наставничка, туку на нејзино место донесе нова. Велат дека нивната цел е исклучиво за доброто на децата и дека протестот нема никаква политичка позадина.
„Ја сакаме истата наставничка која беше наставничка на нашите деца уште од второ одделение. Сакаме истата да продолжи. Ова не е поврзано со политички или партиски прашања, со некоја лична или партиска корист, туку дојдовме до заклучок дека наставничката Емине Лума-Османи треба да продолжи да биде наставничка на нашите деца, со цел тие да не станал дел од политички игри кои се прават во политичкиот систем во нашата општина“, вели Бурхан Алити.
„Ние не сакаме да се мешаме во политички работи, но кога ќе дојде работата до тука се префрла топката – ние не сме виновни, не, ние не сме виновни. Ние останавме во оваа положба никој не нѐ поддржува да го вратиме она што го сакаме. Тоа се случи. Ова ситуација влијаеше врз децата и од психолошки, и од едукативно-образовен аспект. Лошо е за децата, имаат само по 7-8 години. Не сакаме нашите деца да бидат вмешани во политички прашања. Едноставно треба да се едуцираат како од психолошки, така и од образовен аспект“, додаде Анита Азири.
На 31 август неколкумина наставници мораа да го напуштат нивното работно место поради истекот на договорите, кои директорите на училиштата не ги продолжија, туку на нивно место донесоа нов наставен кадар, до отворање на нов конкурс. Слични протест имаше во многу основни училишта каде родителите побараа да бидат вратени претходните наставници.
