Ако од нас како НАТО Алијанса се очекува да извршиме воена интервенција тоа е невозможно. Како што е познато НАТО силите дејствуваат на своја територија и исклучиво во одбрана на територијалност на НАТО сојузниците -изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21.
„Не би рекла дека го оставивме сам заради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на агресорот во Украина. Мислам дека покажавме прилично голема солидарност“, истакна Славјанка Петровска.
Посочи дека Македонија дава целосна поддршка на Косово, како и на другите земји за членство во НАТО Алијансата.
„Генерално нашата политика кон новите земји членки – потенцијални на НАТО Алијансата е принципиелен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО“, додава Славјанка Петровска.
Но, Петровска вели прво треба да има барање од државата да биде НАТО членка да се исполнат одредени услови и да се изоди патеката која ја изодевме ние како 30-та рамноправна членка.
