Ниту 10 дена не издржаа „лежечките полицајци“ кои беа поставени на индустрискиот пат во Тетово. Бетонските плочи почнаа да се отстрануваат од улицата.
-Препреките на „Индустриска“ улица во Тетово не издржаа ниту 10 дена. Истите беа отстранети од самата општина, бидејќи биле поставени без дозвола на Министерството за внатрешни работи-јавува репортерот на ТВ21.
Подоцна беа отстранети целосно, бидејќи биле поставени без дозвола на полицијата.
-Поставените „грпки“, се целосно отстранети, бидејќи не ги исполнуваа предвидените законски услови-велат од СВР Тетово.
Од општина Тетово, велат дека чекаат дозволата да ја добијат до петок, по што повторно ќе бидат поставени „грпките“ кои ќе бидат со потребните стандарди.
-Грпката од булевар „Индустриска“ е отстранета и веќе до петок ја очекуваме и дозволата од страна на надлежните органи. Истите ќе бидат поставени со соодветен материјал. Со поставување на соодветна сигнализација ќе започнеме кога временските услови ќе го дозволат тоа или поточно после 15 март-велат од Општината.
Организаторите на протестот, кои ги принудија тетовските власти да постават „лежечки полицаец“ велат дека доколку до понеделник – 22 февруари, не бидат поставени „грпките“ повторно ќе излезат на протест. Инаку, токму на оваа улица поради пребрзо возење, во сообраќајна несреќа животот го загуби 6-годишно девојче.
