„Не ја поткопувајте набавката на вакцини“ – Филипче: Нема манипулации, само го испочитувавме кинеското МНР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денес ги објави двате писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“. И двете писма, според весникот, оделе преку фирмата „Старби интернешнал“ во Хонг Конг која нема медицинско ниту фармацевско портфолио.

„Сакаме да изразиме интерес за вашата вакцина против коронавирусот. Го овластуваме Старби интернешнл сервис да ги координира потенцијалните процедури“, се вели во писмото на 25 декември 2020 година до Кинески Синофарм.

А, пак во второто писмо од јануари годинава, кое според весникот е поспорно, Филипче ја ослободува компанијата, односно Кина од било каква одговорност односно евентуални негативни последици од употребата на вакцината.

Министерот за здравство Венко Филпче ги отфрли обвинувањата за одредени нерегуларности при набавката на вакцините од Кина.

„Не станува збор за никакви манипулации само ги следиме насоките на кинеското Министерство за надворешни работи. Кога не би имале верба или би имало простор за манипулации сигурно дека би имало и финансиска штета“, вели Венко Филипче.

На прашање дали биле релевантни компаниите со кои соработувале, Филипче одговори:

„Сигурно дека станува збор за компании кои што не увериле дека вакцините може да стигнат. И ние стигнавме до вакцините, но таа беше пораката од Кинеското МНР и ние ја испочитувавме, дека ние треба да одиме по друг пат кои што тие го сугерираат. И во таа насока нема ништо сомнителено“, додава Филипче.

Инаку, Антикорупциската комисија на денешниот колегиум донела одлука со која ќе почнат постапка на прибирање на податоци и информации за да утврдат кои се основите за постапување на Државната комисија за спречување на корупција во случајот со постапката за набавка на вакцини од кинескиот производител Синофарм. Претседателката на комисијата Билјана ивановска го повика и Основното јавно обвинителство да се вклучи во процесот.

200 илјади кинески вакцини се уште не се знае кога ќе пристигнат. Филипче вели декачекаат да ги извести кинеското МНР.