„Не ми е јасно зошто се трошат буџетски пари за билборди за објавување на своите политики“, рече Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче, лидерот на СДСМ во „Клик Плус“ изјави дека не му е јасно зошто власта има потреба да троши буџетски пари за да ги објавува своите политики на билборди.

Филипче кажа дека и тие објави на билбордите се лага, особено на тоа дека враќаат долгови во Фондот за здравство, бидејќи, како што кажа Филипче, претходната влада го оставила Фондот во плус 1 милијарда денари.

„Излегоа дури и на билборди, и не ми е јасно зошто има потреба да се трошат буџетски пари за да ги објавуваат своите политики, но таму има невистини. Таму има грешки. Дека враќаат долгови во Фондот за здравство не е точно. Редовно од централниот буџет се пополнува буџетот на здравствените институции за да ги пополнат недостатокот на пари во својот буџет. Нашата влада го остави буџетот од Фондот за здравство од 1 милијарда денари.