Не може да се плати во дел на автобусите на ЈСП поради надградба на системот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП не работат во дел од возилата, поради што граѓаните не можат да платат билет. Исто така не може да се користи и картичката „Скопска“, ниту со мобилен телефон.

Од ЈСП истакнуваат дека се надградува системот, и поради тоа некои валидатори не работат.

„Надградба се врши изминатите денови и поради тоа има технички проблеми кај одреден број корисници при плаќање со мобилен телефон или со мобилната апликација „Скопска“. сите кои констатирале пропуст или сметаат дека се оштетени, да пријават на [email protected]“, велат од ЈСП „Скопје“.