Не постои на карта – волшебна европска земја за која скоро никој не знае

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Малкумина или малку постари луѓе слушнале за земјата меѓу Кавказ и Црното Море, а причината е што како држава не може да се најде на картата – затоа што не постои.

Поранешната автономна советска социјалистичка република во границите на Грузија – Абхазија прогласи независност во 1992 година и беше признаена од Русија, Никарагва, Венецуела, Науру, Јужна Осетија и Приднестровје.

Меѓународните организации како ОН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Абхазија како дел од Грузија, пишува Полн Куфер.

Главен град на Абхазија е Сухум или Сухуми, крајбрежен град сместен на источниот брег на Црното Море.

Во времето на поранешниот Советски Сојуз, Абхазија беше омилено летно одморалиште и одморалиште за љубителите на прекрасната природа, а Сухум исто така беше станица што мора да се види. Остатоци од римски sидови, утврдувања и замоци, мостот Беслет од 12 век и ботаничката градина со повеќе од 5.000 растителни видови од 1840 година се само некои од атракциите на тој град.

На околу 70 километри од Сухум се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што е сцена за паметење сама по себе, возењето до неа преку Кавказ е вистински спектакл.

Цело време минувајќи низ густи шуми и покрај водопади, туристите доаѓаат со автомобил или автобус до 950 метри надморска височина каде што се наоѓа езерото, опкружени со планини кои се издигаат до 3500 метри.

Јосиф Сталин имал и една од своите летни куќи (дачи) покрај езерото.