Не само во Хрватска, и во БИХ утрово покрената истрага против министер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После утринската акција во Хрватска, во која беше уапсен министерот за здравство Вили Берош, а потоа и разрешен од Владата, утрово претрес имаше и во едно министерство во БИХ.

Станува збор за министерството за комунална екологија, инфраструктура, порсторно планирање, градежништво и заштита на животната средина, а министерот Бојан Бошњак е под истрага од полицијата.

„Поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на положба или овластување, Бојан Бошњак, министер за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина Владата на КС е под истрага на Обвинителството на кантонот Сараево“, рече Азра Бачиќ, портпарол на Обвинителството на кантонот Сараево.