„Не се тестирал, но доби позитивен тест“ „И мојот сосед исто“ Проверивме што се крие позади оваа приказна која кружи на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалните мрежи се шири приказна дека луѓе добиваат позитивен резултат, иако воопшто не се тестирале. Освен коронавирусот, кој е постојан вирус и светот не може да го спречи, така што бројките немилосрдно растат, постојани се и бројни теории на заговор. Од самиот почеток на појавувањето на вирусот во Македонија, а во последно време се поинтензивно се шират приказните дека некој добил позитивен резултат без воопшто да биде тестиран.

Лицата кои ТВ21 ги контактираше, а ја шират оваа информација, не сакаа да зборуваат пред камера. Од Министерството за здравство не упатија во МВР.

„Лажните вести ги санкционира Министерството за внатрешни работи. Ве молиме обратете се во таа институција“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Но, ова не се случај само кај нас. На бројни истражувања, волонтерската веб-страница Коронавирус Хрватска одговори дека сите лица кои биле испратени на тестирање и не одговориле превентивно, автоматски се третираат како позитивни. Тие објасниле дека ова се гледа како, на пример, кога алкотестот е одбиен. Таа личност се смета за пијана. И тогаш нивното објаснување започна да се шири низ мрежите и луѓето го зедоа здраво за готово. Потоа тие се извинија на таа страница за „несмасната формулација“ и рекоа дека проверуваат со хрватскиот институт за јавно здравје што им се случува на луѓето што ги испратиле матичните лекари на тестирање, но не се појавиле на тестирање.

Известете не доколку ви се случил ваков случај!