Не се вели залудно дека имаат 9 животи: Мачка извлечена од урнатините во Турција 49 дена по земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не се вели залудно дека мачките имаат девет животи.

Мачката Хан била извлечена од урнатините во Турција дури 49 дена по земјотресот.

Нејзината сопственичка Нида Дина за турски Хабер изјави дека секојдневно ги посетува урнатините на нејзината зграда во градот Кахраманмарас. Таа не изгуби надеж и не се откажа од потрагата по саканиот миленик.

„Нашата зграда беше оштетена во првиот земјотрес. Излегов со ќерка ми, но мачката не успеавме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Го најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините“, изјави Дина.

Мачката поминала само со повредена шепа и моментално се лекува.