Се бараше да штедат, а Министерството за локална самоуправа ја зголемило потрошувачката на струја за рекорди 81%. Министерството за здравство заштедило само 2%, МНР и Министерството за одбрана само 8% струја.
Меѓу општините кои не посветиле многу внимание на повикот за заштеда на струја се општините Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Додека меѓу државните претпријатија „Водостопанство“ е единствената институција која има зголемена потрошувачка на струја.
Какви санкции ќе бидат преземени?
Според министерот за економија, Крешник Бектеши, надлежните министри мора да го оправдаат своето трошење.
Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена без да ги види деталните податоци за расходите се пофали дека министерствата штеделе, во спротивно ќе имало разрешувања.
Дали некој ќе биде разрешен останува да видиме.
Споредбата на заштедата на енергија е направена помеѓу месец септември од оваа и минатата година.
Според податоците, Владата заштедила 25%, Собранието 29%, Претседателот 17%, Министерството за култура 40% и Министерството за образование 35%.
