„Не сме разговарале со ДУИ за технички премиер“ – Ковачевски вели и дека почна процедурата за кандидат за претседател

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На изборите ќе настапиме со Европскиот фронт во кој се повикани сите политички и општествени субјекти да се приклучат, ова го истакна премиерот Ковачевски на прашањето дали на претстојните избори ќе настапат со заеднички претседателски кандидат и листи со ДУИ. Ковачевски не кажа кој би можел да биде потенцијалниот кандидат за шеф на државата, рече тој што ќе се бори за стратешките цели на државата за европската интеграција на земјава и што ќе се грижи за граѓаните тој ќе биде кандидат за претседател на државата на претстојните претседателски избори,.

„Кој ќе биде претседателскиот кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има пропишана постапка која што со одлука на Извршниот одбор веќе е донесена одлука да започне. Тоа ќе биде кандидат кој што се грижи за остварување на стратешките интереси на државата, односно членството во НАТО и зачленување во Европската унија, продолжување на евроинтеграцискиот процес“, вели Димитар Ковачевски.

За техничкиот премиер рече дека се уште не станало збор со коалицискиот партнер ДУИ за тоа кој би можел да седне на првото столче во Владата, иако во јавноста се погласни се зборува дека тоа би можело да биде претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале. Ме прашавте во однос на изборниот настап ние веќе имаме одлука на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија која што е јавно споделена со јавноста дента кога беше и лидерската средба на која што ги повикуваме сите политички партии“, додава Димитар Ковачевски.

Вчера актуелниот претседател Стево Пендаровски на прашањето дали размислува за повторна кандидатура за претседател кратко одговори – не, но потоа се дообјасни дека не сака да размислува сега поради целокупната состојба со двојното убиство на малата Вања и велешанецот Жежовски.