Вчера ТВ21 разговараше со Мунир Биљали, син на родители кои биле во модуларната болница во Тетово. Тој не знаеше дали неговите родители се живи, па го упатиле кон Скопје, па таму не му дале одговор.
Биљали вели дека некоја докторка му рекла да доаѓа некој од неговото семејство да биде покрај татко му, и да го храни, а денеска и вчера сите велат дека има забрана за посети на ковид позитивни пациенти.
-Дента пред пожарот во 20-30 разговаравме, потоа легнав да одморам за работа. Ми се јави некој и ми кажа што се случило во болницата. Не знаеме дали е татко ми или некој друг, само ми рече да одам да видам. Кога отидовме таму, што да видиме сѐ беше пеплосано. Не знаевме ништо, талкавме по болницата, еден доктор вели горе, еден доле, но никого не најдовме. Останавме до доцна. Немаше ништо.
Потоа ни рекоа да дојдеме за Скопје, бидејќи таму испратиле пациенти. Отидовме таму. Ги направиле ДНК-та и сега чекаме да видиме каков ќе излезе резултатот. Нема каде да бараме на друго место. Ни рекоа дека ги однеле во Скопје, а од таму велат дека никој не дошол.”
ТВ21: Ти рече дека таму биле и мајка ти и татко ти. Двајцата беа заразени од Ковид или само едниот?
-Само татко ми. Го сместија во таа болница, но ни рекоа да дојде некој да се грижи за него, да го храни. Сега, не знам двајцата исчезнаа, не знам каде се.
ТВ21: Кој ви рече дека треба да дојде некој да биде покрај него? Лекарите ви рекоа?
-Некоја докторка беше. Ги оставивме и двајцата и сега не можеме да ги најдеме.
