„Не сум суспендирана јас, туку правдата“ – Русковска се жали: Суспендирањето е поврзано со кривичната за Арафат Муареми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одлуката за нејзиното суспендирање од работното место, обвинителката за гонење криминал, Вилма Рускоска го нарекува неоправдано, затоа денеска се пожали до Советот на јавни обвинители. Рускоска смета дека нејзиното суспендирање е последица на кривичната пријава од  екс директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, против неа.

Рускоска рече дека за законитоста на реализираниот претрес во Финансиската полиција може да ја одлучи само судот. Таа верува дека сега  предметот започнат против директорот на Финансиска полиција, ќе се одложи поради нејзиното суспендирање.

Рускоска ја обвинува Финансиската полиција за несоработување и недоволно транспарентност.

Но веднаш реагираа од оваа институција велејќи дека тоа што го кажува Рускоска не е вистина во врска со побараните предмети.

„Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција се бараат СИТЕ анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот/ денот на одговор по барањето.  Невистинити се изјавите на обвинителката дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала!“, велат од Финансиска полиција.

По суспендирањето на Рускоска,директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми си даде оставка од функцијата директор на оваа институција. Рускоска својата оставка ја нарече парада поради тоа што, како што рече, сегана Муареми му истекол мандатот.