Неделен извештај за состојбата со ковид-19: Благо намалување на позитивни случаи, помалку оздравени пациенти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тестирани се вкупно 28.972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно
тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,2% во
однос на минатата недела.

Регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во
државата, за 3,7% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8%
до 14,3%, просечно 11,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669;
50,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци – 280,8/100.000 (Табела 1,
Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица
на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9
години (n=143; 4,3%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на
заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има
зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%)
од женски пол.


По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам,
со статус „оздравени“ се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно
лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.


Во текот на мината недела вкупно се пријавени 23 реинфекции, намалување од 25,8% во
однос на минатата недела.


Пријавени се 154 смртни случаи во 29 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од
нив се од Скопје (70), Куманово (12), Струмица (8) и Тетово (8). Најголем број (n=123; 79,9%) од
починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години